Клои Кардашијан многу загрижена: По втор пат е заразена со корона вирусот, а и нејзината тригодишна ЌЕРКА Тру е позитивна

popara31 октомври, 20211min00
319394_kloi-kardasijan_ff

Публиката и пружа огромна поддршка, а таткото на девојчето, Тристан Томпсон, цело време им стои на располагање за да им го олесни времето во изолација.

Прославената ријалити ѕвезда и претприемач Клои Кардашијан ја изненади публиката ширум светот со својот твит за нејзината здравствена состојба, особено кога спомна дека по вторпат е заразена со корона вирусот, но не само таа, туку и наследничката Тру, која има само три години.

„Само сакав да ве известам дека јас и Тру сме позитивни на ковид. Имав голем број состаноци кои сега, за жал, ќе морам да ги откажам. За среќа, вакцинирана сум, па се ќе биде во ред. Ќе бидеме во карантин и ќе ги почитуваме сите мерки. „Ве молам бидете внимателни“, нагласи Клои преку социјалната платформа и ги загрижи нејзините следбеници кои постојано и поставуваа прашања и зборови на поддршка.

Да се потсетиме, Кардашијан ја доби ќерката со кошаркарот Тристан Томпсон, со кој е во турбулентна врска повеќе од две години, со оглед на јавните измами, разделби и кавги.

Најновите фотографии говорат во прилог на тоа дека парот сепак нашол заеднички јазик поради благосостојбата на миленичката, а никој не ја исклучува опцијата љубовната врска да биде како на почетокот на романсата.

Kloi Kardašijan, Tristan Tompson

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma