Кога најмногу лажеме и изневеруваме? Научници открија интересна шема!

26 октомври, 2021
222236_laganje_f

Кога станува збор за социјалните суштества, излегува дека лагата може да биде сврзното ткиво што го сочинува општеството …

Колку е поголемо општеството во кое сте, толку се поголеми шансите да лажете или да изневерувате, откриле истражувачи од Универзитетот во Монтреал, Северозападен Илиноис и Бизнис школата на Харвард, кои паралелно го спровеле истражувањето.

Нивната проценка е дека поголем број луѓе нè доведува во поконкурентни ситуации и дека е пореално дека во поголема група ќе имаме чувство дека лажењето е прифатливо.

Во голема група, може да имаме поголемо чувство дека е полесно да се прикрие, да речеме, мамење на испит или лага, бидејќи луѓето имаат помала веројатност да се концентрираат само на она што го правиме или зборуваме, додаваат истражувачите.