Светот некогаш се шокираше кога се шушкаше дека актерот Бред Пит, кој тогаш бил оженет со славната Џенифер Анистон, е во врска со својата колешка Анџелина Џоли, а само 15 години подоцна, од американските медиуми дознаваме како започнало сè .
Одамна е добро познато дека Бред и Анџелина се заљубија за време на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“. Иако тие прво тврдеа дека за време на снимањето и додека Бред беше во брак со Џенифер Анистон, дека се само пријатели, во првото големо интервју за нивната врска, Анџелина рече дека нивните деца ќе можат да гледаат филм што е снимен додека нивните родителите се вљубуваа.
Сепак, како започна сето тоа?
Според американските медиуми, поранешниот телохранител на Анџелина, Марк Бехар неодамна изјавил дека хемијата помеѓу актерите на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ е неверојатна и открила некои зачудувачки детали.
Како што открил, ги нашол во приколки неколку пати како се галеле и флертувале, а од самиот почеток било јасно што се случува меѓу нив.
„Us Weekly“ пишува дека другите очевидци се согласуваат со Бехар и дека Џоли наводно имала добро развиена тактика за заведување на Бред. Наводно носела долна облека во боја на кожа за време на љубовна сцена, која одеднаш ја соблекла.
„На крајот, таа го фрли својот костум и скокна во кревет гола со него“, изјави извор од снимањето на филмот за ова списание во 2005 година.
„Тоа е нешто што го паметам за тој филм.“
Бред, очигледно дека не се оптеретуваше со сопругата, уживаше во сè. Инаку, американските медиуми еднаш напишаа дека актерот се согласил да игра во продукцијата на „Господин и госпоѓа Смит“ дури откако дознал дека негова партнерка ќе биде Анџелина Џоли.