Лејди Гага и Џеј Ло во скап стајлинг додадоа симболи на мирот, Меланија кралицата на стилот, елеганцијата и маската на Џил Џејкобс!

21 јануари, 2021
dzenifer-lopez-lejdi-gaga-melanija-tramp-830x0_400x0

Тоа беше вчера во Америка…

На церемонијата на инаугурацијата на Џо Бајден, новиот претседател на САД, музичките sвезди Џенифер Лопез (51) и Лејди Гага (34) испратија јасна порака до светот со својот стил и индивидуалните детали, кои го симболизираат мирот.

Лејди Гага беше во црно-црвен фустан од модната куќа „Schiaparelli Haute Couture“, сличен на сала за танцување, елегантни фустани, со брош на градите во форма на златен гулаб што го симболизира мирот.

Гага ја испеа химната на Америка, додека Џенифер, уште пред да пее, на шпански јазик рече дека „отсега натаму, САД ќе биде земја на слобода и правда за сите“.

Џеј Ло беше целата во бело, носеше официјална кошула под скап бел мантил, носеше панталони и чевли, и со сето тоа комбинираше бел накит. Бидејќи белата боја го симболизира мирот, пораката испратена од латино дивата е исто така јасна.

Од друга страна, поранешната прва дама на Америка, Меланија Трамп, покажа зошто важи за жена со непогрешлив стил. Иако беше облечена во црно од глава до петици, Меланија плени со својата елеганција.

Меланија беше во црно кога го напушти Вашингтон, а кога заедно со нејзиниот сопруг слетаа на Флорида, таа се смени и облече долг, шарен фустан.

Џил Џејкобс, новата прва дама во Белата куќа на инаугурацијата, се појави во елегантно сино палто што и прилега на ваква церемонија и нараквици во иста боја. Исто така, идната прва дама не ја заборави заштитната маска, која беше во иста сина боја.

escort - Korsan taksi