Лила му се израдува на снегот – Излезе во сандали и кусо фустанче, но не и пречеше студот

15 јануари, 2021
lila

Снегот во Скопје вчера иако кратко вееше израдува многумина. Можеби децата беа најбројни кои излегоа да се посанкаат, но исто така возрасните со душа го чекаа, па веднап излегоа надвор да прошетаат и да направат некоја фотографија. Една од нив беше и Лила Филиповска која му се израдува на снегот, па измеѓу работните обврски излезе и да направи неколку фотографии во градскиот парк во Скопје.

Имено таа најпрво во приказните на социјалната мрежа Инстаграм сподели кратко видео на кое се гледаат нејзините сандали додека вее снегот и напиша „Конечно“.

Иако беше во сандали и кратко фустанче, најверојатно поради снимање на квизот „Се или нешто“ таа не одолеа па застана на снегот и направи неколку селфи фотки, а некој од нејзините колеги го сними овој интересен момент и го објави на социјалните мрежи. Лила ништо не може да ја спречи за да ужива во првиот снег годинава.

escort - Korsan taksi