Секој напредок за подобра состојба на ЛГБТ популацијата е добра вест – рече Марија
Марија Шерифовиќ (36) искрено зборуваше за тоа каква е во емотивна врска, а како што нагласи – сака сè да биде „во ред“ во нејзиниот животен простор.
-И во емотивна врска, се обидувам да ги ставам работите на јасно место. Ми се допаѓа кога тие функционираат според одредени принципи, со кои е многу ретко и тешко, и двајцата партнери да се согласуваат – изјави поп-sвездата.
–И покрај сè, верувам дека најдоброто нешто во животот на таа личност ќе биде да биде моја девојка – истакна Шерифовиќ.
Во интервјуто таа коментираше и за можниот закон за истополово партнерство во Србија.
–Секој напредок во подобрувањето на ЛГБТ популацијата е добра вест. Секој има право да биде среќен и да го живее својот живот со кого сака. Сè додека работиме и размислуваме во таа насока, јас сум среќна – рече Марија.
Пред неколку дена зборуваше и за мајчинството.
–Некаде има информација дека на прво место сакам деца, потоа животни.Кај децата, чиста енергија, љубов. Кај животните лојалност. Мајчинството е сериозна задача и верувам дека би била многу посветена – истакна пејачката.