Пробајте го овој необичен рецепт за мармалад.
Дали забележавте дека продавниците во моментов се полни со лимони и портокали? Дали некогаш сте направиле мармалад од портокал? Еве го нашиот омилен рецепт, супер е едноставен.
Состојки:
4 средни портокали
2 средни лимони
2- 1/2 шолји вода
1/8 лажичка прашок за пециво
1 пакување пектин (количината се одредува според упатствата на пакувањето)
1/2 лажичка путер или маргарин
5- 1/2 шолји шеќер
Подготовка:
Дезинфицирајте ги и исушете ги теглите.
Отстранете го обоениот дел од кората од портокалите и ломоните. Исечете на тенки парчиња. Измешајте ги корите, водата и прашокот за пециво во големо тенџере. Оставете да зоврие. Намалете ја топлината до средно ниска, покријте и оставете да крчка 20 минути, повремено мешајќи.
Додадете го овошјето и сокот. Покријте и варете уште 10 минути.
Додадете го пектинот во подготвеното овошје во тенџерето, додадете путер за да го намалите формирањето на пена. Доведете ја смесата до вриење на висока температура, постојано мешајќи. Додадете го шеќерот. Вратете до целосно вриење и варете точно 1 минута, постојано мешајќи.
Тргнете го тенџерето од пламен. Отстранете ја пената со метална лажица. Внимателно истурете го топлиот мармалад во подготвените тегли веднаш.
Ако сакате да го пастеризирате џемот, ставете ги теглите во врела вода и оставете да се варат 20 минути. Завиткајте во крпи.