Маска за лице која ги брише годините: 4 природни состојки за ефикасна борба против брчките

popara18 септември, 20211min0
shutterstock1135050686-830x0

Замислете да не треба да трошите пари за скапи третмани и креми и вашето лице да изгледа младешко, затегнато и сјајно. Добрата вест е дека сето ова е можно благодарение на јапонската маска за лице.

Јапонките се познати како добро уредени и млади дами, и често користат помош за нега на кожа од кујната. Една од најпопуларните домашни маски кај Јапонките е онаа со авокадо, кое ги чисти порите, и обезбедува на кожата доволно влага и го забавува стареењето.

Препорачливо е да ја користите оваа маска еднаш неделно, а резултатите ќе бидат видливи по вториот третман.

Состојки:

1/4 авокадо
лимонов сок
пола супена лажица маслиново масло
една супена лажица мед

Подготовка и примена:

Исечете го авокадото на четвртини и отстранете го делот што се јаде со вилушка, а потоа изгмечете го. Ставете го во сад и додадете сок од лимон, мед и маслиново масло. Пред да ја нанесете маската на лицето, натопете крпа во топла вода и држете ја на лицето неколку минути за да ги отворите порите.

Нанесете ја маската со четка за маска или прсти. Држете на лицето 15 минути, додека не се исуши. Исплакнете го лицето со млака вода и исушете со чиста крпа, а потоа нанесете хидратантна крема.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma