Маж (33) во тело на момче од 13 години е вистинска сензација на Интернет! Приказна за човек кој престана да расте во пубертетот! Никој не останува рамнодушен на неговата порака

5 јануари, 2021
untitled_24

“Вие не го живеете мојот живот. Не знаете како е да се живее во моето тело!”

Денис Вашурин е роден 1987 година, но изгледа како 13-годишно момче.

33-годишникот одеднаш престанал да старее во тинејџерските години, а неговата порака до сите е: „Не судете“.

Иако Денис е голема сензација на социјалните мрежи поради неговиот уникатен изглед, тој претпочита изглед на човек од село.

Вашурин живее во рускиот регион Краснојарск, каде што сите ја знаат неговата приказна и се занимава со лов и риболов.

Тој исто така сака да поминува време со својата девојка, со која е во врска веќе четири години.

Вашурин ја раскажа својата животна приказна во неодамнешното интервју за рускиот YouTube канал „VASIA NA SENE“.

33-годишникот рече дека неговите родители знаеле дека тој не е како другите деца уште кога бил мал.

Тој беше хиперактивно дете, и покрај тоа што беше најмладиот од неговата генерација. Како што растеше, разликата стануваше повидлива.

– Кога сфатив дека повеќе нема да се менувам физички, најпрво се чувствував малку непријатно. Размислував како ќе биде сето тоа, како ќе тече мојот живот, дали ќе ми биде тешко. – рече Денис.

И покрај неговата необична состојба, Денис тврди дека води нормален живот. Иако многу пати се сеќава дека бил во ситуации кога требало да ја докаже својата вистинска возраст, дури и пред локалната полиција.

Еднаш, кога бил запрен од сообраќајната полиција, тој е осомничен дека фалсификувал возачка дозвола.

Денис е најфрустриран што дури и луѓето што го познаваат понекогаш го прашуваат дали се чувствува толку млад колку што изгледа.

Сепак, тој тврди дека има карактер на постара личност, барем според пријателите, кои на шега го нарекуваат „дедо“.

33-годишникот има важна порака за секој што проценува книга само по корицата:

– Вие не го живеете мојот живот. Не знаете како е да се живее во моето тело, во мојата ситуација, каква личност би станале. Затоа, не судете – рече Денис.