Ако сте едни од оние кои мислат дека љубовта на прв поглед постои само во филмовите, американскиот тим невролози и психијатри тврди дека треба да го промените мислењето.
– Љубовта на прв поглед не е целосно измислена појава бидејќи постојат докази дека човек навистина може да почувствува силна емоција при првата средба со некоја личност. Дури 41 процент од мажите и 29 проценти од жените во истражувањето изјавиле дека тоа го доживеале лично – пишува „Сајколоџи тудеј“.
Истражувањата покажаа дека мажите почесто се заљубуваат на прв поглед, а „магичниот поглед“ трае од 90 секунди до четири минути.
– Чувството на љубов минува низ одредени електронски и хемиски патишта во мозокот, кои се активираат многу брзо. Бидејќи мажите првенствено се водат по визуелното, доволно е да ги привлече нечив физичкиот изглед, така што тие се почести мети на љубов на прв поглед – велат научниците.
Според нивната анализа, допаминот е хормон кој предизвикува многу слична мозочна реакција како при конзумирање на опијати кои предизвикуваат зависност, а кога се активира неколку моменти по средбата со друга личност, луѓето често ја класифицираат како љубов на прв поглед.
Психолозите имаат теорија која повеќе се однесува на жените на кои им треба повеќе време за да се чувствуваат заљубенио.
– На нив пред физичкиот изглед, поважно им е како некој размислува, допир, ги забележуваат неговите движења, бојата на гласот и мирисот. Затоа може да се каже дека на повеќето жени им се потребни неколку погледи за да сфатат дека се вљубени – вели експертот за врски Ејми Хартштајн.