– Не сум возбудена поради мојот изглед. Косата и очите ми се во ред. Премногу сум ниска– рече Меган
Актерката Меган Фокс (35) неколку пати ги демантираше шпекулациите за пластични операции, но нејзините фотографии пред и потоа зборуваат поинаку.
На славните настани, Меган, заедно со нејзиното ново момче, често се појавува во провокативни изданија, а обожавателите кои ја следат нејзината работа забележаа дека таа доста го променила својот изглед. Познатата актерка призна дека не се чувствува како што ја претставуваат медиумите.
– Не сум возбудена поради мојот изглед. Косата и очите ми се во ред. Јас сум премногу ниска. Во принцип, никогаш не мислам дека вредам нешто. Имам чувство дека сите ме исмејуваат. Не се сакам себеси премногу – рекла Меган.
Таа претходно негираше дека правела било какви корекции.
„Јасно можете да видите дека моите усни се мои усни“, рече Меган во 2010 година на прашањето дали некогаш користела инјекции за полнење усните.
Покрај тоа, таа негираше дека користи ботокс, како и дека ги коригирала образите.
Фановите на нејзината работа и карактер почнаа да се сомневаат во вистинитоста на нејзините изјави откако се појави на „Мет Гала“ во септември оваа година.
Сите мислат дека таа таму изгледала сосема поинаку бидејќи има видливи промени на нејзиното лице.