Може и без месо: Сочна, здрава и ефтина мусака од тиквички со која загарантирано ќе се најадете!

popara18 септември, 20211min0
328061_musakaodtikvicashutterstock437513734_ff

Ако уживате во вкусот на млечните производи и сакате да го замените месото со нив, сигурно ќе ви се допадне овој вид ручек. Се подготвува брзо, не одржува сити долго време, а вкусот е божествен!

Состојки:

3 тиквички
4 јајца
300 грама фета сирење
1 чаша кисела павлака
2 дл масло
120 грама гриз
4 лажици брашно
1 кеса прашок за пециво
половина лажица сол
магдонос, босилек, оригано и бибер по вкус
листови од кашкавал

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Добро измијте ги тиквичките, потоа изрендајте ги, без лупење. Додадете брашно и прашок за пециво, потоа промешајте, додадете гриз и промешајте повторно. Во посебен сад убаво изматете ги јајцата, потоа додајте масло и павлака, промешајте, па соединете со мешавина од тиквички, брашно и гриз. Откако ќе добиете компактна маса, исечете фета сирење и зачини по вкус и добро измешајте.

Истурете во претходно намастена тава, а потоа наредете ги листовите сирење. Печете околу 30 минути.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma