Мрачните тајни на Меган Маркл: Нејзиниот брат ОТКРИ како се однесувала кон својот прв сопруг, па го предупреди принцот Хари!

15 октомври, 2021
e15566227b154ae1ab24bd2ab07daf72fbbec252

Братот на Меган Маркл, Томас, одлучи да влезе во популарното телевизиско шоу „Големиот брат ВИП“, а за да привлече што е можно повеќе внимание, веднаш ја започна приказната за неговата полусестра Меган.

Тие двајца не разговараат 10 години, а Томас, каде и да најде добра можност, зборува лошо за неа. Претходно, тој рече дека е плитка и себична, и на тој начин го предупреди принцот Хари, и овој пат тој тврдеше дека нивниот брак е осуден на пропаст.

Како што е веќе познато, Меган веќе има брак зад себе, па Томас тврди дека Меган целосно го погазила својот прв сопруг, и очекува дека така ќе биде и со Хари.

– Момчето со кое беше во првиот брак не се снајде добро. Таа го прегази и на крајот го напушти, им рекол Томас на учесниците во реалното шоу.

Меган Маркл била во во брак со Тревор Енгелсон од 2011 година, а се развеле по помалку од две години, а како причина за разделбата ги навеле непомирливите разлики меѓу сопружниците.

По грубите зборови на Томас, многумина застанаа во одбрана на популарната поранешна актерка, тврдејќи дека нејзиниот брат воопшто не ја познава, како и дека не го запознал ниту принцот Хари.

Тој не беше поканет на кралската венчавка, и судејќи според неговото учество во реалното шоу, на сите им се чини дека сака да се прослави на сметка на неговата помлада сестра.

escort - Korsan taksi