Мрзлива пита со спанаќ и сирење: Мека и вкусна – семејството ќе ја обожава! (РЕЦЕПТ / ВИДЕО)

19 јануари, 2021
191351_shutterstock-236452591_ls

Пита која ќе ја подготвите набрзина. Можеби со спанаќ и сирење или некој друг фил. Исклучително вкусна и мека.

Состојки: – 4 јајца – 100 мл. масло – 400 мл. јогурт – 2 лажички сол – 7 лажици пченкарно брашно (бело или жолто) – 7 лажици обично бело (меко) брашно – 1 кесичка прашок за пециво 10 гр, – 300 гр. урда – 350 гр. свеж или замрзнат спанаќ – малку сол (зависи од тоа колку е солено сирењето)

Подготовка: Изматете ги јајца, додадете масло, јогурт, сол, брашно и прашок за пециво. Тепсија со дијаметар од 30 см. подмачкајте со масло и посипете со брашно (или хартија за печење). Истурете половина од тестото и печете околу 10 минути во веќе загреана рерна на 200 степени. Подгответе го полнењето, измешајте го сецканиот спанаќ со сирењето, додадете сол ако е потребно. Ставете го филот врз печеното тесто, а потоа истурете друг дел од тестото. Може да посипете семе од лен, семе од сусам, семе од чиа, сончоглед.

Печете додека не зарумени околу 35 минути. Ако печете во поголема тава тогаш ќе се пече побрзо.

escort - Korsan taksi