Пејачката Ријана дојде на Мет Гала со раперот Асап Роки во необични стајлинзи што корисниците на социјалната мрежа ги споредија со ќебиња.
Таа подготви црн обемен фустан за Мет Гала, додека Асап беше во црно одело со бела кошула откако го соблече шарениот капут.
Меѓутоа, на забавата после забавата Meт Галата, пејачката избра малку поотворен стајлинг, и по тој повод одлучи да облече проѕирно здолниште под кое се гледаат нејзините долен веш и облините, додека горе облече маица. Како и на престижниот настан, таа беше облечена во Баленсијага, и на сето тоа додаде многу накит. Имаше интересен детал на главата кој беше многу сличен со оној што се гледаше под шеширот на Мет Гала.
Покрај сето ова, таа додаде црни сандали и мини црна чанта со кристали што висеа од неа.
Како ви се допаѓа ова издание на Ријана?