Една од најпознатите љубовни приказни на сите времиња е онаа помеѓу Елизабет Тејлор и Ричард Бартон. Убавата актерка двапати се омажи за колегата.
Имено, на денешен датум, пред точно 46 години, Елизабет и Ричард се венчаа по втор пат. Церемонијата се одржа во Африка, а Бартон првпат ја видел Елизабет на една забава, типична за златното доба на Холивуд.
“Беше величествена. Раскошна. На кратко, таа беше проклето добра. И не само тоа, туку и целосно ме игнорираше”, изјави Бартон за денот кога првпат ја видел легендарната Елизабет Тејлор.
Втората венчавка на Елизабет Тејлор и Ричард Бартон се одржа на 10 октомври 1975 година. Тие двајца првпат се венчаа во Монтреал на 15 март 1964 година и беа во брак повеќе од 10 години.
По разводот и пауза од околу 16 месеци, тие одлучија повторно да се венчаат. Втората венчавка се одржа во африканската земја Боцвана, во Касана во близина на националниот парк Чоба. Имено, тоа е локација на крајниот север од Боцвана, недалеку од местото каде што се среќаваат териториите на дури четири држави – Боцвана, Зимбабве, Намибија и Замбија.
За нивниот брак е напишана книгата „Бесна љубов“, која објаснува дека тајната на нивната трајна врска е фактот дека Бартон бил еден од ретките што можел да го следи хедонизмот на убавата Елизабета.