НАЈТОЧНИОТ ТЕСТ ЗА ЛИЧНОСТА: Го открива она што ни самите себе не сакате да си го признаете

26 октомври, 2021
Screenshot_1

Што ви е најважно во вашиот живот, а тоа да го криете од себе

Тестовите на личноста се секогаш популарни на мрежите бидејќи можат да откријат многу за нас на забавен и лесен начин. Некои се базираат на визуелното, односно на првиот динам на сликата, а кај некои треба да бидеме активен учесник во приказната и да дадеме одговори на некои прашања.

Ова е еден од нив! Прочитајте ја оваа приказна и одговорете што е можно побрзо и без многу размислување.

Има два острови. Во првиот живеат двајца луѓе: едниот е дивјак, а другиот е цивилизиран човек. На другиот остров има неколку луѓе, меѓу нив и девојка која е заљубена „на далечина“ во цивилизираниот човек.

Девојката сака да оди на соседниот остров за да се сретне со својот љубовник. Го прашува единствениот сопственик на бродот – гемиџијата, колку треба да плати за да ја пренесе до островот, а тој вели дека не сака пари и дека тоа ќе го направи ако таа се соблече гола.

Девојката е во шок, па не знаејќи што да прави, оди кај мудрец кој живее на нејзиниот остров за да ѝ даде совет и помош. Тој внимателно ја слуша нејзината приказна и ја советува следново:

„Прави што ти кажува срцето, дете мое…“

Меѓутоа, девојката одлучува да го прифати предлогот на гемиџијата бидејќи само така ќе се сретне со мажот што го сака. И тие одат на другиот остров. Меѓутоа, кога пристигнале, дивјакот кој се нашол на брегот целосно се изгубил кога ја видел голата девојка и ја нападнал за да ја „посрамоти“. Во истиот момент доаѓа цивилизираниот човек, односно љубовта на несреќната девојка, па гледајќи ги овие двајца „во гужва“ страшно се налутува и ѝ кажува на девојката дека не сака повеќе да ја гледа и дека мора веднаш да си замине…

Сега, ваша задача е да ги оцените ликовите од приказната, со бројки од 1 до 5 – од најдобрите до најлошите. Значи, бројот 1 е личноста за која верувате дека е најдобрата од сите, а бројот 5 го носи најлошиот лик во приказната.

Значи, рангирајте по квалитет дивјак, цивилизиран човек, девојка, гемиџија и мудрец.

Тест решение:

Секој лик од оваа приказна е всушност приоритет во вашиот живот. Според тоа како сте ги рангирале, откријте што е најважно во вашиот живот.

Дивјак = колку ти е важен сексот;

Цивилизиран човек = колку ти се важни туѓите мислења;

Девојка = вашата потреба за емотивен партнер и врска;

Гемиџија = вашата потреба да заработите пари;

Мудар човек = колку се потпираш на логика.