Најубавиот град во Кина: Прекрасно место каде дрвените куќи како да извираат од реката

popara14 мај, 20214min0
62086458

Знаеме дека убавината е во окото на оној што гледа, но вреди да се спомене дека окото на новозеландскиот писател Реви Алеј заклучи дека Фенгхуанг е „најубавиот град во Кина“…

Ако сакате да го видите стариот дух на Кина и да се оттргнете од сјајот на метрополата, ви предлагаме на своето азијско патување да се упатите кон Фенгхуанг. Идиличниот мал град на брегот на реката изгледа како да е пресликан од разгледница во реалниот живот, а некои ги фасцинираше толку многу што беше наречен најубавиот град во Кина. Што се чека?

Камени улици, дрвени куќички…

Фенгхуанг е истоимената провинција во југоисточна Кина, чиј стар дел е неверојатно добро зачуван во секоја смисла: од автохтоните етнички јазици, обичаи и уметност, сè до архитектонските стилови кои биле популарни за време на династиите Минг и Кинг. Поради исклучителната убавина и зачувување на културата и обичаите, стариот град Фенгхуанг е вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО во Азија.

Градот Фенгуанг се наоѓа во подножјето на планините и покрај реката Туо, а е изграден кон крајот на 17 век. Една од главните атракции е мостот без огради, речиси на ниво на самата вода, која ја преминува реката. За оние со послаба рамнотежа, само гледањето предизвикува вртоглавица, но има и чамци со кои можете да преминете на другата страна.

Најдобар начин да се доживее градот сепак е пеш. Прошетајте низ неговите стари улици, помеѓу дрвените згради, осветлени со стари улични светилки. Ќе видите локални жени во традиционална носија како продаваат сувенири и накит што сами го прават, и не двоумете се да пиете кафе навечер покрај реката. Тогаш градот го добива својот најромантичен изглед, кога жителите излегуваат во ноќниот живот и уличните светилки дискретно го осветлуваат градот.

Зачувајте го утрото за возење со брод, бидејќи ќе имате најдобар поглед кон старите дрвени куќички кои, гледано оддалеку, изгледаат како да излегуваат од водата. Честа глетка е локалното население да мие облека или зеленчук, да весла во чамци, да работи на своите мелници или да игра друштвени игри на улица.

Кога да се тргне на пат и што е на тањир

Знаеме што се прашуваме сите – што има за вечера? Локалните специјалитети вклучуваат патка со ориз, пушено свинско месо и традиционална супа. Ако сте љубител на зачинета храна, ќе уживате. Но, ако не сте, подобро е да го споменете тоа пред да нарачате.

А, најдоброто време за посета на Фенгхуанг е пролет или есен, поради влажната суптропска клима што тогаш е поиздржлива за ненавикнатите Европејци.

Знаеме дека убавината е во окото на оној што гледа, но треба да се забележи дека окото на новозеландскиот писател Реви Алеј заклучи дека Фенгхуанг е „најубавиот град во Кина“. Не е лошо!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma