Најубавите замоци во Германија

2 јануари, 2021
3179456265fe9a30dc821d338134863_689x460

Зачекорете во прекрасните и бајковити замоци, кои секогаш инспирирале многу уметници ширум светот.

Откријте ги скапоцените камења на Германија, кои со својот дух, архитектура и грандиозност постојано ги инспирираат уметниците и го наоѓаат своето место во книгите, бајките и оперите.

Погледнете го списокот на 7 замоци од бајките во Германија, составен од Смитсонијан.

Замокот Шверин (Мекленбург-Западна Померанија)

На почетокот тоа беше само објект недалеку од езерото. Дури во 1857 година, скоро еден милениум по првото реновирање, замокот конечно беше завршен. Служеше како симбол на моќта на династијата и нејзиниот основач, Фредерик Франц Втори од Мекленбург-Шверин. Денес, овој замок е музеј со многу интересни експонати, од колекција порцелан до наследна галерија со слики што наскоро ќе се најде на списокот на УНЕСКО за културно наследство.

Замокот Хоенцолерн (Баден-Виртемберг)

Седиштето на пруското кралско семејство, замок што извира од маглата, скриен меѓу дрвјата, има три одделни делови. Првиот дел датира од 1061 година. Вториот дел е изграден во 1454 година и претворен во тврдина, а третиот крал Фредерик Вилијам IV од Прусија го изградил третиот дел во периодот од 1850 до 1867 година. Историските експонати сочувани тука вклучуваат круна на Вилхелм Втори, крал на Прусија, некои од личните работи на кралот Фредерик Велики, па дури и писмо од Џорџ Вашингтон во кое се изразува благодарност до потомокот на баронот фон Штубен за неговата служба за време на Револуционерната војна. Денес, коморите се отворени за јавноста, заедно со разни колекции на богатства во трезорот – вклучувајќи сребро и порцелан.

Замокот Елмау (Баварија)

Стилот на конструкција и дизајн е превземен од Велика Британија, а познат е по минимализмот и едноставниот класичен изглед. Замокот е изграден во 1914 година, и бил реновиран и украсен како луксузна спа центар и еден вид бегство од цивилизацијата.

Замокот Елц (Рајнска област-Пфалц)

Елц е средновековен замок сместен во ридовите недалеку над реката Мосел, кој бил изграден за да ги заштити трговските патишта во 1157 година. Завршен е во 1472 година и го задржал оригиналниот изглед до денес. Семејствата се менувале во него со векови, а денес, по промената на 33 генерации, сè уште е во сопственост на истото семејство. Семејството Елц живее во приватни простории во внатрешноста на замокот, додека останатите се чуваат отворени за посетителите. Познат како ризница на пари, замокот е исполнет со златни, сребрени и порцелански експонати како што доликува на благородништво.