НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИВААТ: Јадењето во доцните часови не само што дебелее, туку предизвикува и нешто многу полошо!

16 април, 2021
hunger-413685_1920

Џејсон Емер, дерматолог од Њујорк, тврди дека уживањето во закуски доцна во ноќта или поголем оброк не предизвикува само надуеност и дебелеење.

Познато е дека јадењето навечер лошо влијае на витката линија и дека не е многу здраво. Некои луѓе, сепак, едноставно не можат да им одолеат на залчињата во доцните вечерни часови.

Особено сме во искушение додека гледаме филм или серија и тогаш би посегнале по грицки или чоколадо. Покрај дебелеењето, јадењето навечер, лошо влијае и на кожата.

Џејсон Емер, дерматолог од Њујорк, тврди дека уживањето во закуски доцна во ноќта или поголем оброк не само што предизвикува надуеност и гоење, туку исто така може да влијае на стареење и оштетување на кожата, па дури и рак на кожата.

„Тешките оброци пред спиење можат да го ослабнат ензимот кој ја штити кожата од УВ зрачење“, објаснува дерматологот Стјуарт Каплан.

Научниците од Универзитетот во Тексас исто така спроведоа истражување врз глувци, кое откри дека несоодветните навики во исхраната го нарушуваат биолошкиот часовник на кожата, што доведува до слабеење на кожниот ензим кој блокира штетно ултравиолетово зрачење.

И покрај фактот дека овие тестови биле извршени на глувци, а не на луѓе, има доволно аргументи против конзумирањето на храна доцна во ноќта.

„Со УВ-факторот докажано е дека јадењето пред спиење (особено слатко) може да го зголеми нивото на шеќер во крвта и да предизвика воспаленија, што ги влошуваат состојбите како акни и егзема“, вели д-р Емер.

Кога најдоцна можеме да јадеме навечер?

„Тоа зависи од тоа што јадете. Колку е потежок оброкот, толку подолго ќе треба да чекате пред да одите во кревет. Препорачувам најмалку два часа пред спиење, тоа е доволно за вашето тело да го свари поголемиот дел од храната. Никогаш не легнувајте сити“, вели д-р Каплан.

Иако дерматолозите се согласни дека е најдобро да се воздржите од грицките, д-р Емер предупредува дека одредена храна може да ги влоши несаканите ефекти на кожата, вклучувајќи црвенило и акни. Најголемите виновници за проблеми со кожата се млечните производи, чоколадото, пржената храна и друга храна што содржи висок гликемиски индекс, што е докажано дека го зголемува производството на масло во текот на ноќта. Затоа, ги интензивира акните.

Ако навистина не можете без закуски навечер, дерматолозите велат да јадете органска и непреработена храна, бидејќи овошјето е полно со антиоксиданти. Д-р Емер препорачува жолто и портокалово овошје, бидејќи бојата на нивниот антиоксиданс бета-каротен во организмот се претвора во витамин А), потоа, лиснат зеленчук и леб од цели зрна.

escort - Korsan taksi