Сигурно ви се случило многу пати додека подготвувате храна, маслото од тавата да ви ја испрска облеката
Сигурно ви се случило многу пати додека подготвувате храна, маслото од тавата да ви ја испрска облеката. Мрсните дамки се упорни, но тоа не значи дека треба да се збогувате со вашето омилено парче облека.
Каролина од САД сподели видео на „TikTok“ во кое покажува ефикасен метод за отстранување на мрсни дамки.
Советот е прво да ја натапкате дамката со крпа. Каролина нагласува дека е многу важно само да тапкате, никогаш да не размачкувате и да триете.
Кога ќе го отстраните вишокот масло, нанесете малку сода бикарбона на дамката и оставете да отстои еден час за да го впие маслото.
Потоа, во чаша вода, додадете едно капаче течен детергент за перење и добро измешајте.
Најдете стара четка за заби и нежно нанесете ја смесата на дамката што содржи сода бикарбона, потоа ставете ја маичката во машината за перење и вклучете ја за редовно перење.
Кога ќе ја извадите од машината, дамката веќе нема да ја има.