Американската актерка Меган Маркл, сопруга на британскиот принц Хари, изјави дека нема да оди на погребот на принцот Филип, сопругата на кралицата Елизабета Втора и дедото на нејзиниот сопруг, за да не биде во центарот на вниманието тој ден.
Според „Дејли меил“, Меган смета дека заминувањето на Хари на погребот на неговиот дедо е можност тој да се смири со семејството, пред се со татко му, принцот Чарлс и неговиот брат принцот Вилијам.
Покрај тоа, таа е бремена и лекарот ја советувал дека е подобро да не патува со авион. Се верува дека Меган е главниот виновник и дека го убедила Хари да го напушти семејството и да се пресели прво во Канада, а потоа во Калифорнија.
Двојката го има синот Арчи и чека уште едно дете. Во неодамнешното интервју со водителката Опра Винфри, парот откри дека имале проблеми со расизмот на суд. Мајката на Меган Маркл е Афроамериканка, а нејзиниот татко е бел Американец.