НЕ ЗНАААТ НА ЧИЕ ИМЕ ДА ГО НАПИШАТ ЧЕКОТ: Во вторникот, среќен добитник освои над 60 милиони евра, но потрагата по него продолжува!

23 април, 2021
shutterstock_1567349695_1000x0

Високиот советник за национална лотарија Енди Картер изјави дека тоа е „одлична вест за среќниот добитник кој имал среќа да добие неверојатна џекпот награда“

Засега, непознатиот Британец освоил 59 милиони фунти на наградната игра „ Euromillions “, односно 68 милиони евра! Процесот за верификација на билетите за лотарија е во тек, но не е познато кој е добитникот, ниту пак е познато каде е уплатено добитното главно ливче.

Висок советник во Националната лотарија на Велика Британија, Енди Картер, вели дека тоа е „одлична вест за среќниот добитник кој имал среќа со неверојатната џекпот награда“, објави весникот „ San “.

„Сега ќе се фокусираме на поддршка на добитникот на наградата и ќе му помогнеме да започне да живее нов живот“, рече Картер.

Ова е веќе трет победник на „ Euromillions “ во Велика Британија оваа година.

На почетокот на овој месец, друг среќен добитник доби неверојатни 122,5 милиони фунти (141,5 милиони евра), што е петта по големина награда во историјата на Националната лотарија.

На првиот ден од Новата година, добитникот на наградата собра околу 45 милиони евра.

Нивните имиња не се објавени. Меѓу ретките кои се согласија да им бидат објавени имињата се Колин и Крис Веир, од градот Ларгс во Шкотска, кои освоија скоро 187 милиони евра во јули 2011 година.

escort - Korsan taksi