Искористете го вишокот леб од празниците и направете брускети од стар леб.
Состојки:
парчиња леб или тост по ваш избор
маслиново масло
босилек
домат
лук (по желба)
сол (по желба)
Подготовка:
Парчињата леб премачкајте ги со маслиново масло и наредете ги на хартија за печење. Печете ги 6 минути на 180 степени.
Во меѓувреме, исечкајте го доматот и измешајте го со босилек, малку балсамичен оцет и лук, по желба.
Кога ќе го извадите лебот од рерна, намачкајте ја смесата на парчињата и вратете во рерна уште 5 минути.