Светските медиуми зујат за нив! Една од најпопуларните жени во светот, Ким Кардашијан, наводно е во врска со поранешниот свршеник на Џенифер Лопез, Алекс Родригез, а сè беше смислено од славната „мама“ Крис Џенер.
Според Мирор, Крис Џенер ја охрабрила својата ќерка по разводот со Кание Вест, да заплови во врска со кошаркарот (45), кој раскина со Џенифер Лопез пред неколку месеци.
Ким и Канје ставија точка на врската во февруари, а Алекс и Џенифер во април. Напишано е дека тие двајца биле во контакт последните месеци и сериозно размислуваат за врската, со оглед на тоа дека Ким бара некој што може „да и парира кога станува збор за статусот и финансиите“.
Крис Џенер, мама и менаџер на Ким, верува дека Ким и Алекс се новиот „златен пар на Америка“.
“Ким не е од типот на Алекс, но тој сака да најде некоја позната девојка за да и се спротивстави на Џенифер, која е во врска со Бен Афлек. Освен тоа, Ким е помлада од Џен и Алекс е импресиониран што таа сака да стане адвокат”, рече изворот.
„Рано е, но се чини дека се загреваат едни за други.“
Сепак, други извори блиски до семејството Кардашијан-Џенер тврдат дека Ким и Џеј Ло се добри пријателки.
Од друга страна, додека Џенифер е на чекор да се омажи за Бен Афлек, Канје Вест е во врска со Ирина Шајк, но таа врска не оди баш најдобро.