Марија Груевска настапуваше во полуфиналната вечер на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, младата пејачка настапуваше во дуел со Мустафа Мехиќ.
Младата битолчанка се претстави со песните „Веруј у нас“ и „Остачу слободан“.
Како и секогаш, Груевска имаше оригинален настап, и секогаш на сцената излегува со различна модна комбинација која го остави жирито без зборови.
Марија на сцената на Гранд се појави со свеќи на рацете кои гореа во текот на нејзината изведба.
Драган Стојковиќ Босанац, имаше само убави зборови за нашата претставничка.
„Откако сум во „Ѕвездите на Гранд“, немам видено ништо поубаво, комплетно, интересно, ќе те повикам на мојата златна свадба да ми отпееш две балади“ – изјави композиторот.
Груевска истакна дека целиот концепт за нејзините настапи ги смислува нејзиниот татко кој е свештеник.
„Дали твојот татко е музичар?“ – праша Ана Бекута.
„Свештеник“- одговори Груевска.
Вики исто така имаше пофални зборови за македонската претставничка.
Инаку, во полуфиналето настапуваше и Мите Стоилков кој е под менторство на Вики Миљковиќ. Тој исто така се пласираше во финалето на музичкото шоу.
Финалната вечер ќе се одржи во сабота, а публиката е таа што ќе го бира победникот со СМС пораки.
Настапот на Марија погледнете го видеото подолу на 54:40
Преземено од vistina.com.mk