Лудо се забавуваа
Пејачката Наташа Беквалац денеска го слави својот 41 -ви роденден. Во оваа прилика, таа одлучи да се почести себеси и своите роденденски гости со патување во Атина, за да може прославата да се одржи на морскиот брег.
Штом помина полноќ, Наташа ги дувна роденденските свеќи, а потоа прослави и наздрави.
– Прославата ќе се одржи во Атина на плажа. Специјално за овој настан, просторот на плажата ќе биде специјално украсен, ќе се постави шведска маса и ќе се служат вина според желбите на гостите. Дури и музиката ќе биде на барање на славеничката, па раководството на хотелот ангажираше диџеј кој ќе пушта „хаус“ хитови цела вечер – откри добро информиран извор за српските медиуми.