Жените кои пијат парацетамол или ибупрофен двапати неделно се изложени на ризик од трајно губење на слухот, се вели во студијата на болницата Бригем и Жените во САД.
Лекарите веруваат дека овој феномен е најверојатно предизвикан од намален проток на крв во внатрешното уво и негово оштетување како резултат на изложеност на бучава. Дури една од 20 жени би можеле да ги обвинат овие лекови против болки за губење на слухот, пишува. Резултатите од студијата се совпаѓаат со друга, слична студија во која учествувале мажи.
Скоро една од 12 жени во САД зема парацетамол најмалку двапати неделно, што го зголемува ризикот од губење на слухот за 9 проценти во период од 6 години.
Студијата објавена во „Џурнал за епидемиологија“ опфати 55.850 жени на возраст од 44 до 49 години. Според резултатите од оваа студија, парацетамолот и слични лекови можат да го намалат протокот на крв во внатрешното уво.
Сепак, редовните дози на ибупрофен – покажаа истражувањата – можат да го намалат ризикот од рак на белите дробови кај пушачите. Истражувачите од Државниот универзитет во Охајо покажаа дека малите дози на ибупрофен, редовно земени, можат да убијат воспалителни процеси што би довеле до рак на белите дробови.