Објавен е најновиот трејлер за „Бетмен“: Црниот витез ја враќа приказната на почеток

17 октомври, 2021
betmen-film-trejler-830x0

„Warner Bros“ оваа сабота го прикажа новиот трејлер за филмот „Бетмен“ на затворањето на „DC FanDome“, режиран од Мет Ривс.

На само две години од почетокот на борбата против криминалот, Бетмен (Роберт Патинсон) го следи Ридлерот (Пол Дејно) откривајќи ја поврзаноста на неговата фамилија со корупцијата во Готам. Зои Кравиц е Жена Мачка, Колин Фарел е Пингвин, Џефри Рајт е Џим Гордон, а Енди Серкис – Алфред.

Овој Бетмен е понасилен и побрутален од она на што сме навикнати да го гледаме Темниот Витез, што доловува чувство на вистинска борба на ликот со криминалот и неправдата на сметка на фантазијата.

„Можеби не сме толку различни. Кој си ти таму одоздола?“, му вели Зои Кравиц т.е. „Catwoman“ на Темниот Витез.

„Јас сум одмазда“, одговара Бетмен.

Трејлерот се фокусира на помладите години кога Брус Вејн е на почетоците на неговата борба против криминалот. Далеку е од искалкулиран и перфектен, но тоа е криминолошки екпсеримент додека тој учи како најдобро да биде Бетмен. Се обидува да сфати што може да направи, како може да промени, и низ што може да доведе до ефектот кој би сакал да го има.

„Тогаш почнуваат да се случуваат убиствата… и тоа отвора целосно нов свет на корупција. Без да е тоа приказната која ќе испровоцира, сепак ќе ги допре неговите почетоци. Тоа е детективска приказна, мистерија, секако има акција, и е неверојатно лична за него“, изјави Ривс на настанот „DC FanDome“

Ова дозирано прегледување на новиот Бетмен кој претстои го среќава на сред неговото патешествие, па го гледаме како прави грешки, расте и паѓа, и станува херој на многу човечен и грешен начин.

Овој Бетмен ќе „долета“ во кино салите на 4 март 2022 година.