Во топ 5те се најде и нашата соседна држава
Европската агенција за животна средина го испита квалитетот на водата на 22.276 области за капење во 27 земји од Европската унија, како и во Швајцарија, Велика Британија и Албанија, новооткриената дестинација која привлекува се поголем број на туристи.
На прво место беше Кипар поради, како што беше проценето, најчистите плажи – секоја од нив може да се пофали со стопроцентен квалитет на водата.
На второ место е Австрија, чиј квалитет на вода се проценува на 97,7 проценти, а трето место го зазема Грција, со квалитет на вода од 97,1 процент.
Островската држава Малта е на четвртото место (квалитет на вода 96,6 проценти), а со 0,5 проценти полош квалитет на водата на плажите во однос на Малта, Хрватска е на петтото место.
Европските води за капење поминаа одлично, бидејќи 82,8% од рангираните добија највисок рејтинг. Според Ханс Бронинкс, директор на Европската агенција за животна средина, постои доволно силна причина зошто квалитетот на водата за капење во Европа е на завидно ниво.
– Добриот квалитет на европските води за капење е резултат на 40 години работа на спречување и намалување на загадувањето. Исто така, идентификувавме области во кои беше потребно да се преземат одредени мерки – објави Бронинкс.