За бујна, здрава, убава и сјајна коса, не мора да одите на фризер секој ден. Исто така, не мора да користите скапи препарати – доволно е да направите маска од кромид и компир што ќе го забрза растот на косата и ќе ја направи пораскошна.
Излупете еден кромид и еден компир, исечете ги на коцки, а потоа изблендирајте ги во блендер со малку вода. Потоа исцедете ја течноста низ цедалка, а потоа додадете едно јајце.
Распределете ја добиената маска рамномерно на косата, без да го занемарите коренот – на овој начин ќе поттикнете побрз раст и густина. Чувајте ја маската на вашата коса најмалку половина час, а за подобар ефект, завиткајте ја главата во крпа.
Но, дали кромидот остава непријатен мирис?
Иако има појак мирис, кромидот е ризница на корисни состојки за целиот организам, а особено за косата. Кога се нанесува на скалпот, сокот од кромид обезбедува дополнителен сулфур за поддршка на силна и густа коса, со што се спречува опаѓање и промовирање на раст на косата.
Сулфурот од кромид исто така може да помогне во подобрувањето на производството на колаген. Колагенот пак помага во производството на здрави клетки на кожата и раст на косата.
Компирите се добар извор на јаглехидрати. Освен хранливите придобивки од компирот, тој има и многу други придобивки.
Сокот од компир помага и во подобрувањето на растот на фоликулите на косата. Тоа спречува истенчување на косата, а скробот присутен во зеленчукот обезбедува исхрана на фоликулите и ја зајакнува косата.
Мешањето компири со кромид може да донесе незамисливи резултати без многу пари. Наместо јајца, можете да додадете мед или да користите екстракти од алое вера како алтернатива, ако не можете да се ослободите од мирисот на кромид.