Одлучивте да патувате? Ако престојувате во хотел, не ги користете овие предмети на кој било начин, не ги перат!

popara22 јуни, 20211min0
Screenshot_1

Поранешна вработена во хотел споделила некои тајни на хотелските соби и ги советувала луѓето на што треба да внимаваат кога престојуваат во нив.
Јанеса Ричард објавила видео на „ТикТок“ кое станало вирално.
„Работев во хотел пред неколку години и мислам дека би било забавно да ви откривам тајни за хотелите кои можеби не ги знаете“, рекла таа на почетокот на видеото. Таа забележува дека можеби тоа не е случај во секој хотел и дека тоа е само нејзино лично искуство.
„Првата работа е што повеќето хотели не ги перат јорганите или покривките. Тие ги перат можеби еднаш годишно, што е навистина страшно”, открила Јанеса.

Потоа на гостите им дала совети
„Значи, првото нешто што сакате да го направите кога ќе влезете во вашата соба – не легнувајте на јорганот, тргнете го“, вели таа.
Јанеса препорачува да се избегнува пиење од чашите што стојат во собата.
„Скоро секоја стандардна просторија што ја резервирате доаѓа со шише вода и чаши за пиење во просторијата. Не би препорачала да пиете од тие чаши затоа што тие често не се менуваат меѓу гостите, се додека изгледаат чисти”, рекла таа. Имено, Јанеса тврди дека персоналот на хотелот ги заменува чашите ако изгледаат валкани, но ако изгледаат како гостите ниту да ги допреле ниту да ги користеле, ќе ги остават за следниот гостин.

@janessarichard

Reply to @stephaniewillhoit Part 3! 😬

♬ Astronaut In The Ocean – Masked Wolf

Исто така, таа ги советува гостите да не одат боси по подот во хотелските соби. Теписите, вели таа, редовно се чистат со правосмукалка, но многу ретко се перат или се чистат темелно.
„Внимавајте да носите чорапи или влечки“, вели таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma