Ретко кој сака да пие вино на собна температура кое станало топло. Доколку немате многу време да го оладите виното во фрижидер, овој трик ќе ви помогне да го разладите пијалокот за само три минути
Треба да наполните сад со ладна вода и да додадете мраз и сол. Тешко е да се каже точно колку сол, па нека биде произволна количина. Додавањето сол го забрзува намалувањето на температурата, така што виното ќе се олади многу побрзо.
Овој трик делува со намалување на температурата на замрзнување на водата, што значи дека водата станува студена како мраз, но не се стега.
Многумина ќе се запрашаат зошто едноставно не го ставаме шишето во замрзнувач неколку минути, но овој трик на славниот сомелиер Брајан МекКлинтик е уште подобар бидејќи течноста ја пренесува топлината или студот подобро отколку што може воздухот.
Значи, мразот треба да ја олади водата, што го лади шишето, а со додавањето сол ќе се намали температурата на водата и ќе се избегне замрзнување.