Несомнено е дека за време на пандемијата на коронавирус, оживеа трендот на loungewear, кои станаа носливи во сите можни прилики во последните две години.
Прво, започна со продолжен престој во куќите, а потоа модните брендови започнаа да создаваат облека што ја дава потребната удобност дури и во прилики како што се одење на работа или излегување.
Ова особено важи за растегливи плетени парчиња облека, поточно, панталони – многу полуксузен изглед од тренерки, а подеднакво топол и удобен.
Од минатата година, плетените панталони беа главниот хит, особено во есенската сезона.
Плетените панталони ви гарантираат целодневна удобност, може да се комбинираат со различни обувки, можете да ги вклопите со соодветен горен дел (како плетен кроп топ или џемпер), но и со облека од било кој друг материјал.
Покрај тоа, тие се одличен избор бидејќи можете да ги носите на работа, вечера, на прошетка, но и дома …