Водителката Елен Деџенерис за време на гостувањето во емисијата на Џими Кимел изјави дека возела автомобил под дејство на марихуана. Тоа се случи во март кога ја возеше сопругата Порша де Роси во болница.
Потоа Елен испила три пијалоци од марихуана по име Кан и земала апчиња за спиење.
Имав испиено еден пијалок и не чувствував ништо, затоа испив три. Потоа испив две апчиња за спиење мелатонин – рече Деџенерис.
Еден вид пијалок што го испила пиела содржи два милиграми THC и четири CBD, додека другата верзија има пет милиграми THC.
По овие изјави на водителката, корисниците на Твитер го осудија ваквото однесување. Освен што ја критикуваа за возење под дејство на марихуана, други дури споменаа дека нејзиното шоу треба да биде откажано поради тоа.
„Вие сте неодговорни“, заклучија тие.