Откако Џејми Спирс одлучи да објави ДЕТАЛИ од семејниот живот, Бритни јавно ја исмеја, па ѝ зададе КОНТРА УДАР

popara17 октомври, 20211min0
Screenshot_4

Бритни Спирс беше во центарот на вниманието на јавноста во последните месеци поради скандалот со нејзиниот татко, но сега се охрабри и јавно ја исмејува својата сестра Џејми Лин Спирс и веројатно влегла во конфликт со неа, поради книгата што ја објави, а и Бритни самата се споменува во неа.

Книгата наречена „ Things I Should Have Said “ е напишана од Џејми во која опишува необјавени детали од семејниот живот.

„Ова е првпат искрено да зборувам за моето ментално здравје“, напиша Џејми во објавата.

Следниот ден по објавувањето, Бритни објави дека исто така сака да ја објави својата книга следната година, па ги замоли фановите да ѝ помогнат околу насловот, а предлозите беа „С*ање, навистина не знам“ и другиот„Баши ми е гајле што мислат луѓето“

„Кралицата на плукањето по својата сестра“, „Бритни го возвраќа ударот“, „Колку убаво ја спушти“, „Ми се допаѓа оваа Бритни многу повеќе“, „Можеше и песната да ја именуваш по песната на Бритни“, се некои од коментари.

Бритни честопати ги прозива членовите на своето семејство на своите социјални мрежи поради начинот на кој се однесувале кон неа, а нејзината најмлада сестра често ѝ е на мета.

Џејми неколку пати го смени името на своите мемоари, а овој ги налути обожавателите на поп -пејачката бидејќи тоа е стих од популарната песна „ Baby one more time “. Џејми ги ограничи коментарите на својот профил под објавата на книгата, па се бранеше од негативните коментари на фановите на нејзината сестра.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma