
Шефот на Националниот институт за инфективни болести вели дека новиот вид покажа некои сличности со оние што се појавија во Велика Британија и Јужна Африка.
Четири лица кои пристигнале во Токио од Бразил биле заразени со нов вид на корона вирус, соопштија денеска здравствените власти.
Четворица патници кои дошле од Бразил биле веднаш тестирани на аеродромот и се покажало дека се позитивни, по карантинот.
Од четворицата, еден маж на четириесет години бил хоспитализиран поради отежнато дишење, жена на триесет години се пожалила на силна болка во грлото и главоболка, тинејџер имал треска, а четвртиот патник, исто така тинејџер, немал никакви симптоми.