Одбројувањето до специјалната епизода и новиот собир на „Пријателите“ започна.
Сè се вжештува, а Џенифер Анистон уште еднаш ја покажа својата духовита страна и откри интересен детал од сетот за кој молчела со години.
Иако Рејчел Грин беше позната како тренди девојка во серијата „Пријатели“, кога станува збор за „земање сувенири“ од сетот, Џенифер Анистон посегна во гардеробата на друг лик.
Имено, за време на интервју за еден американскиот магазин Џенифер Анистон (52), откри дека пред повеќе од една деценија, од сетот на „Пријатели“ зела специјално парче облека од гардеробата на нејзината пријателка Кортни Кокс, која ја играше Моника Гелер.
„Отидов кај нејзиниот плакар на снимањето и го зедов фустанот што го носеше Моника“, откри Анистон и додаде дека една деценија подоцна сепак го носи во многу комбинации.
„Отидов до нејзиниот плакар на снимањето и го зедов фустанот што го носеше Моника“, откри Анистон и додаде дека една деценија подоцна сепак го носи во многу комбинации.
“Сè уште го чувам и носам. Сè уште совршено ми стои. Тоа е цветен фустан со црна тантела и оние мали, ситни цветчиња, V деколте и мали ракави”.
И додека Кортни Кокс не „украла“ ништо од сетот, Лиса Кудроу ги зела прстените што ги носеше нејзината Фиби Буфе како сувенир, како и теглата за колачиња “Cookie Time”, што за неа ја „однел“ Метју Пери.
Дејвид Швимер решил да го украси својот дом со постер на „Професорот Гелер“ од неговата музејска канцеларија, а некое време се возеше со регистарската табличка „Ги сакам пријателите“, за која тој не знаел, а ја инсталирал Мет Лебланк. Како што открија, му требало една недела да го забележи тој детал.