НУТРИЦИОНИСТИТЕ ОТКРИВААТ: Ова е причината ЗОШТО се дебелееме – една ГРЕШКА што сите ја правиме е клучна!

popara20 јуни, 20211min0
testenina

Истражувањата откриле необична причина за внесување на поголеми количини храна!

Дали се обидувате да ослабете, да ја држите вашата тежина под контрола, но не можете да го направите тоа? Можеби начинот на кој што јадете е „виновникот“. Американски и холандски нутриционисти спроведоа студија во која учествуваа и мажи и жени, а резултатите се изненадувачки!

Учесниците, 44 мажи и 44 жени, јаделе тестенини со сос од сирење само еднаш неделно во текот на еден месец. Внимателно беа анализирани нивните навики, колкава била порцијата, како ставале и колку време јаделе.

Се покажа дека оние што јаделе брзо, сипале и проголтале скоро двојно повеќе од оние што јаделе полека! Разликата во порциите била голема – најмалите биле 400, а најголемите 700 грама, што е навистина многу!

Веќе е познато дека ако чинијата е полна, ќе се чувствуваме принудени да изедеме сè од неа. Но, сега е утврдено дека ако јадеме брзо, ќе изедеме повеќе и ќе го оптеретиме стомакот.

Кога јадеме брзо, земаме големи залчиња и брзо голтаме, плунката и ензимите не успеваат да се помешаат со храната, да и го олеснат поминувањето низ дигестивниот систем и ја уситнат. Поради тоа, стомакот ќе биде под оптоварување и ќе внесеме повеќе калории, масти, сол …

“Ако внимавате на големината на оброкот, јадете побавно и јадете помали залаци, нема да се прејадете. Ако утврдите дека ова е начинот на кој јадете и не сакате да се здебелите, изберете храна со помалку калории”, вели авторот на студијата Пејџ Канингам од Американското друштво на нутриционисти. Студијата е спроведена заеднички од универзитетите во холандски Мастрихт и Пенсилванија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma