Бијонсе донесе голем пресврт во светот на шоу-бизнисот, модата и убавината, кога станува збор за разбирање и прифаќање на женското тело. Имено, таа заедно со неколку познати sвезди ги „врати“ облините во светот на модата.
Иако се чини дека пејачката изгледа одлично без многу напор, тоа е, се разбира, далеку од вистината. За среќа, Бијонсе е многу отворена во врска со својата рутина за фитнес и диета, па затоа не ѝ пречи да сподели совети. Подолу е детален план за нејзиниот тренинг, како и нејзината диета.
Бијонсе припаѓа на ендоморфниот тип на градба, што значи дека има поголемо ниво на масни наслаги од другите видови на тела, но исто така лесно добива мускули.
Затоа нејзиното дневно мени се состои од протеини и здрави масти (риба, маслиново масло), многу зеленчук и овошје.
- Избегнувам јаглехидрати, а моите оброци се состојат од 20-25% јаглени хидрати, 45-50% маснотии и 30% протеини, призна таа.
За време на подготовките за настапите, Бијонсе не држи строга диета, но во тој период, се придржува до веганска диета. На настапи и турнеи, таа не јаде брза храна, туку грицки како бадеми, зелен лиснат зеленчук и колачиња од овес.
Дневно мени на Бијонсе
Појадок: кајгана од белки, смути со зеленчук или житарки со цели зрна со млеко
Ручек и вечера: Претежно исто, и тоа е комбинација на зеленчук со риба или помалку масно месо. Таа избегнува црвено месо.
По тренингот, Бијонсе пие пијалак направен од замрзнато овошје, бадемово млеко, протеински прав и зелен лиснат зеленчук. Во недела, пејачката здивнува, па ужива да јаде работи како пица.
Рутина за фитнес на Бијонсе
Со текот на годините, пејачката ги менуваше видовите на тренинг, сè со цел да ги задоволи потребите на своето тело, но таа остана верна на некои рутини:
Таа поминува часови танцувајќи.
Подигнува тегови со помала тежина.
Пред настапот, Бијонсе има интензивен кардио тренинг заедно со личен тренер. Ова вклучува кревање тегови, вежби со „медицинка“, а за да остане флексибилна, истегнувањето е задолжително.
Она што го спомна и самата пејачка е дека, дури и кога има многу обврски, секој ден одвојува време за мини тренинг. Тогаш прави неколку сквотови, склекови, пленкови и згибови.