ОВДЕ НЕШТО НЕ Е ВО РЕД! Овој потег на Бритни Спирс повторно ја загрижи јавноста, сите се прашуваат што се случува со животот на пејачката! (ВИДЕО)

22 септември, 2021
Screenshot 2021-09-22 013031

Селфито на Бритни набрзо собра повеќе од 850.000 лајкови, а многу фанови беа воодушевени од нејзиното враќање на социјалните мрежи

По кратката пауза од Инстаграм, пејачката се врати од романтичен викенд и направи серија збунувачки објави.

Откако неодамна објави дека ќе се одмори од социјалните мрежи, Бритни Спирс (39) се врати на Инстаграм. Причината за оваа кратка пауза беше прославата на свршувачката со нејзиниот избраник Сем Асгари (27).

Таа објави селфи направено во природа, а потоа сподели две видеа во кои танцува.

Селфито на Бритни набрзо собра повеќе од 850.000 лајкови, а додека многу фанови беа воодушевени од нејзиното враќање на социјалните мрежи, некои изразија загриженост дека сето ова всушност не е напишано од пејачката.

– „Дали некој забележа дека ова веројатно не е напишано од неа?“, „Се чини дека нешто не е во ред овде“, „Врати ја Бритни на Инстаграм“, „Овој Инстаграм е лага“, „Каде е Бритни“ – се само некои од коментарите на нејзините збунети следбеници.