Бидејќи информацијата стигна до јавноста дека се снима серија наречена „Pam and Tomi“, во која се зборува за бракот на Памела Андерсон и Томи Ли, актерката веднаш се огласи и даде свое мислење за серијата.
Имено, според пишувањата на странските медиуми, Андерсон наводно не е воодушевена од новата серија која го опишува бракот на актерката и музичарот во периодот кога нивното интимно видео допре до јавноста. На Памела, наводно, не ѝ се допаѓаат улогите и ѝ се чини дека сето тоа е голема шега.
„Таа никогаш не слушнала за главните актери кои ја играат неа или Томи. Дури и не се грижи за тоа. Таа и нејзиното семејство сметаат дека серијата е ефтина завршница. Памела нема намера да ја гледа оваа смешна серија, апсолутно не, никогаш“, изјави извор за „The Sun“.
Инаку, во споменатата серија, Памела ја игра Лили Џејмс, а Томи, Себастијан Стен, кои според многу фанови, многу потсетуваат на поранешната двојка.
Не е познато кога ќе започне да се емитува серијата, а освен Лили Џејмс и Себастијан Стен, во другите улоги играат Сет Роген, Ник Оферман, Тејлор Шилинг, Ендру Дис Клеј, Пепи Сонуга, Спенсер Гранизе и Можан Марно.
Да потсетиме, Памела и Томи се венчаа во 1995 година, а се разведоа во 1998 година. Од овој брак тие имаат два сина.