Поради нејзините контроверзни текстови и видеа, таа стана позната во Холивуд многу брзо. Таа ги маѓепса љубителите на музиката со специфичната боја на гласот, а поради нејзиното прекрасно лице и совршена фигура, мажите ширум светот полудеа по неа, но денес малкумина би ја препознале.
Во последно време ретко ја гледаме Лана Дел Реј во јавност, а најновите фотографии што се појавија ја шокираа јавноста. Имено, пејачката драстично го промени својот изглед, целосно се занемари и се здебели преку 15 килограми.
Забележливиот вишок тежина беше дочекан со негативни коментари, имајќи предвид дека таа секогаш имаше исклучително витка линија, ова претставува огромна промена во нејзиниот имиџ.
Иако беше критикувана, пејачката не се грижи за тоа и се чини дека никогаш не била посреќна. Таа ужива во љубовта со својот вереник Клејтон Џонсон и испраќа порака до сите дека вистинската жена не е совршена и не треба да биде.
Вака изгледаше пејачката пред неколку години: