Пејачот ги извади завоите од лицето и ја шокираше јавноста ФОТО+ВИДЕО

8 јануари, 2021
the weeknd

Познатиот канадски пејач The Weeknd објавил видео за песната „Save Your Tears“ во кое ја шокираше јавноста со својот изглед.

Пејачот минатата година веќе го издаде албумот „Afterhours“. За едно од најдобрите изданија за 2020 година, во секој спот и за секој настап тој го носеше истиот костум и завои на крвавото лице, и на никого не му беше јасно зошто се одлучил за ваков стил.

Меѓутоа, со објавувањето на новото видео, тој ги шокираше обожавателите со својот значително трансформиран изглед. Во спотот тој го носеше истото црвено палто што го користеше за време на секој свој настап и видеото, но сега со една важна разлика.

Пејачот користел простетика за да симулира изглед на екстремни пластични операции, вклучително и филери околу јагодичните коски и усните, и на тој начин го „оправдал“ изборот на носење завои за секој настап.