Пет причини зошто ЖЕНИТЕ ИЗНЕВЕРУВААТ! Препознавате ли слични проблеми во вашата врска?

16 септември, 2021
зошто жените изневеруваат

Познато е дека мажите изневеруваат, како и од кои причини го прават тоа. Сепак, честопати недостасуваат одговори на прашањата колку често и зошто дамите изневеруваат.

И жените изневеруваат. Иако мажите почесто се одлучуваат да сторат нешто такво, бројот на жени кои се впуштаат во неверство не е занемарлив. Советникот за љубовни проблеми, Рене Ли, спроведе студија и излезе со петте најчести причини зошто припадничките на понежниот пол паѓаат во мрежата на прељуба.

Промена

Промените, најчесто негативните, предизвикуваат разни емоции и ги тераат луѓето да се прашуваат каде се и како ќе продолжат понатаму. Тие оставаат видливи траги врз жените, а нивните партнери понекогаш немаат разбирање за нив, бидејќи тој е преокупиран со своите проблеми. Од таа причина, постои желба за некој што ќе ги насочи кон нешто поразлично и попозитивно.

Недостаток на внимание

Многу жени во долга врска, по одреден период, не се чувствуваат доволно посакувано. Токму тоа се случува поради недостаток на пофалби и внимание од партнерот. Комплиментите, пофалбите и јасните знаци дека се забележани се многу важни за жените. И, ако тоа не е случај дома, депресијата и фрустрацијата ќе бидат третирани на друга адреса.

Чувствуваат дека сѐ е готово

Ова чувство создава голема празнина што жената ја ублажува поминувајќи време со некој друг. Честопати се случува намерно да се искушат на тој начин затоа што сакаат да знаат како се чувствуваат и колку всушност се грижат за својот партнер.

Нема повеќе забава

Ако смеењето стане фактор што недостасува во врската, жената ќе ја бара меѓу другите луѓе, на кои не им недостасува насмевка. Овие можат да бидат колеги, пријатели, но многу често и други мажи.

Здодевност во кревет

Мажите не се единствените кои сакаат новини во спалната соба. Жените исто така копнеат по сексуални промени затоа што им е важно да се чувствуваат посакувано. Жените често знаат да го споредат својот сексуален живот со литературни хитови како „Педесет нијанси сиво“ или со еротски сцени во филмовите, по што создаваат верување дека може да биде многу подобро и многу попарно отколку што е во нивниот кревет.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris