Петте најнеобични начини за поздравување во светот

popara15 октомври, 20211min0
Handshake in front of business people

Некои земји имаат сосема различни начини на поздравување од оние на кои сме навикнати.

Ако патувате на подалечни дестинации, не штети да се потсетите што можете да доживеете на првиот состанок. Еве неколку сосема различни начини на кои можете да се поздравите.

Тибет

Ако го исплазите јазикот на Тибет, нема да испаднете непристојни. Всушност! Традицијата датира од 9 -от век, кога владеел непопуларниот крал Ланг Дарма, познат по својот црн јазик. По неговата смрт, некои Тибетанци (главно свештеници) почнале да ги плазат своите јазици при пристигнување и поздравување, за да потврдат дека тие не се реинкарнација на омразениот крал.

Филипини

Традиционалниот поздрав на старите лица на Филипините се состои од поклонување и притискање на десната рака на челото. Се изговараат зборовите Мано (рака) и По (почитување). Понекогаш е проследено со нежно тапкање по рамото.

Ескимски бакнеж

Она што го знаеме како „ескимски бакнеж“ е всушност традиционален поздрав наречен Куник. Најчесто се користи помеѓу членовите на семејството и саканите, а се препознава со триење на носот. Се верува дека е создаден од практични причини, бидејќи нивниот нос бил најоткриениот дел од телото (лицето често е „покриено“ под дебела качулка). Но, можете да најдете сличен гест во делови на Нов Зеланд и Хаваи, каде што допирот на носот го следи допирање на челото.

Јапонија

Јапонскиот поздрав веќе го знаеме од популарната култура – тоа е благ наклон со рацете до телото. Но, кога странците ќе се најдат во Јапонија, тие се уште остануваат збунети и вкочанети. Колку длабоко треба да се поклонам? Колку долго треба да останам во таа позиција? Дали изгледам чудно или смешно? Без грижи, Јапонците се свесни за туристичката конфузија и незнаење на гестовите. Понекогаш е најдобро да се скратат маките и да се подаде рака, но пољубезно и побезбедно е да се чека нивниот прв чекор.

Боцвана

Ракувањето во Боцвана е цела серија чекори. Прво: класично ракување со десна рака. Но, пред да ја отпуштите раката, подигнете ја во воздух (другата личност го прави истото) и раширете ја дланката, земете ја повторно, спуштете ја, повторно стиснете, извртете ги прстите и држете ги и потоа одделете ги рацете и ставете ја десната рака на левото рамо. Што ли прават додека танцуваат?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag