По Новогодишните празници, Цеца Ражнатовиќ го напушти Белград и замина на снежните предели!

5 јануари, 2021
ceca_1000x0


Време за одмор!
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ реши да го напушти Белград и да замине во постудените предели.

Имено, пејачката на својот Инстаграм профил објави видео, на кое уживаше во кафулето, а околу неа имаше снег.


Пејачката носеше очила за сонце и имаше малку шминка, а нема сомнеж дека ужива за сите пари.


Светлана Цеца Ражнатовиќ гостуваше кај Сања Маринковиќ. Во емисијата, таа посочи кој е единствениот маж во нејзиниот живот.

-Единствениот човек што го окупира моето внимание е мојот внук. Нема ништо што не би направила за него. Тој ме подмлади и уживам. Бев посветена на моите деца и им подредив сè. Бев посветена на моите деца, нема никаква разлика. Тој има 7 месеци. Јас сум негова пријателка, не сум баба. Тој личи на неговите родители, само нека биде жив и здрав, рече Цеца и откри што се случи претходната година:

-Раѓањето на мојот внук нема конкуренција, единствениот настан што ја одбележа мојата претходна година. Не плачев кога тој се роди, со нетрпение го чекав тоа. Едвај чекав да го видам, рече таа во емисијата „Магазин ин“