Куќичката е уредена од природни материјали и е идеална за романтичен одмор за двајца. Има една спална соба, дневна соба со софа, мини кујна и бања …
Езерото Комо (италијански: Lago di Como) зафаќа 146 квадратни километри во Ломбардија, Италија. Тоа е третото по големина езеро во оваа европска земја и со длабочина од 410 метри е едно од најдлабоките на Стариот континент.
Комо е езеро со глацијално потекло што привлекуваше голем број туристи пред пандемијата на корона вирусот. Интересот не недостасува ниту денес, особено за шармантните места што овозможуваат приватен пристап до прекрасното езеро.
Како оваа мала куќа во Варена, која е оддалечена шеесет километри од Милано. Куќата е уредена од природни материјали и е идеална за романтичен одмор за двајца. Има една спална соба, дневна соба со софа, мини кујна и бања.
Исто така постои и оградена градина со приватен пристап до езерото Комо. Има и лежалки за сончање и уживање во сонцето, како и скара за кулинарски експерименти. За гостите е достапен бесплатен паркинг.
Куќичката се изнајмува преку онлајн платформата „Airbnb“ по цена од околу 190 евра за ноќ, а што нуди, погледнете во галеријата со фотографии.