Поминаа 23 години: Погледнете како сега изгледаат ѕвездите од славната серија што се враќа на малите екрани!

15 јануари, 2021
profimedia-0555837736

Колку се сменија? Познато е дека sвездите од серијата „Сексот и градот“ наскоро ќе снимаат нова сезона од серијата, но без актерката Ким Катрал, која ја играше улогата на Саманта, па сега фановите велат дека новата сезона нема да има поента без онаа што го дефинираше првиот дел од серијата.

Синтија Никсон (Миранда), Сара Џесика Паркер (Кери) и Кристин Дејвис (Шарлот) неодамна објавија teaser на социјалните мрежи за новата серија наречена „И токму така“. Бројни обожаватели во коментарите на Сара Џесика Паркер напишаа дека серијата нема да биде иста без Ким Катрал.

– Саманта не е дел од оваа приказна. Но, таа секогаш ќе биде дел од нас. Без оглед каде сме и што правиме – рекла Сара, а обожавателите веруваат дека Ким не се појавува во новото поглавје од серијата на HBO затоа што е во кавга со Сара. Сите четири актерки продолжија да глумат по серијата „Сексот и градот“, а еве како изгледаат по 23 години:

escort - Korsan taksi