Познатата фолкерка Светлана Цеца Ражнатовиќ (46) повторно е во врска со млад претприемач. Како што се испостави, Цеца веќе подолго време e со Богдан Срејовиќ (38) од Белград. Според извештаите во медиумите, парот се запознал на роденденот на пријателот на Цеца, а по неколку недели дружење започнале романтична врска.
„На самиот почеток тие се сокриа од очите на јавноста и се движеа само во најблискиот круг на пријатели. Сепак, од Нова Година, тие заедно започнаа да излегуваат во јавноста“, тврдат сведоците.
Срејовиќ е претприемач кој се занимава со угостителство и веќе имал еден брак од кој има ќерка, а е разведен пет години. Самата Цеца кратко рече дека не сака да коментира за нејзиниот приватен живот.